Познат распоредот за третиот дел од сезоната во ПМФЛ: Вардар во првите две кола против Шкупи и Шкендија

Фото: ФК Шкендија

Со одигрување на денешното 22. коло во Првата фудбалска лига (ПМФЛ), заврши вториот дел од сезоната и веќе е познат распоредот за третиот круг.
Распоредот на натпреварите за третиот дел од сезоната е одреден според Бергеровиот систем, а најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Вардар, кого го очекува борба за опстанок, има пеколен старт. Во првото од предвидените 11.кола, Вардар игра против Шкупи, додека во второто го пречекува лидерот на табелата, Шкендија.
Од друга страна, лидерот Шкендија третиот дел од сезоната го започнува на домашен терен против Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот