Познат датумот на концертот на легендарните „Дуран Дуран“ во Скопје!
Легендарниот британски бенд „Дуран Дуран“ пристигнува во Македонија, вест што сигурно ќе ја израдува домашната публика, која со години го очекува нивното враќање во регионот. Еден од најголемите рокенрол концерти оваа сезона во Македонија ќе се случи на 2 јули во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Препорачано

Во рамките на претстојната европска турнеја, покрај настапите во Италија, Данска, Холандија и Чешка, бендот официјално потврди концерти и во Србија, Унгарија, Бугарија, но и во Македонија.
Покрај името и кариерата на „Дуран Дуран“ стојат многу епитети: безброј хитови, албуми на врвот на топ листите, стадионски концерти и многу повеќе.
Нивната најголема вредност е фактот што и ден – денес, сè што прават звучи и изгледа револуционерно.
Со глобални класици како „Hungry Like the Wolf“, „Rio“, „Come Undone“, „Girls on Film“, „Ordinary World“, „Notorious“… до нивното најново издание „Danse Macabre“, со повеќе од 100 милиони продадени носачи на звук ширум светот и кариера што се протега повеќе од четири децении, „Дуран Дуран“ остануваат еден од највлијателните и најтрајните состави во современата музика.
„Дуран Дуран“ одржаа концерт во Скопје на 7 јули 2012 година, исто како и претстојниот концерт, во организација на „Авалон продукција“.
Ова ќе биде ретка можност македонската публика повторно да ги види во живо, по подолга пауза.
Легендарните „Дуран Дуран“ потврдија: Македонија е дел од европската концертна турнеја!


