Легендарните „Дуран Дуран“ потврдија: Македонија е дел од европската концертна турнеја!
Легендарниот британски бенд „Дуран Дуран“ наскоро пристигнува во Македонија, вест што сигурно ќе ја израдува домашната публика која со години го очекува нивното враќање во регионот.
Препорачано
Во рамки на претстојната европска турнеја, покрај настапите во Италија, Данска, Холандија и Чешка, бендот официјално потврди концерти и во Србија, Унгарија, Бугарија, но и во Македонија. Токму оваа потврда е најважната информација за македонските фанови, кои конечно ќе имаат можност во живо да ги слушнат хитовите на една од највлијателните поп-групи на сите времиња.
Иако деновиве фокусот беше ставен на трите ексклузивни концерти во Италија (Арена ди Верона, Казерта и Вила Манин), во официјалното соопштение бендот јасно ги наведе и концертите во балканските држави, меѓу кои и Македонија. Се очекува наскоро да бидат објавени точните датуми и локациите каде што ќе се одржат концертите.

Продажбата на билети за првите европски датуми започнува уште оваа недела. За настапите во Италија, претпродажбата за членовите на ВИП-клубот стартува во вторник, 17 февруари, додека општата продажба почнува во петок, 20 февруари.
Ова ќе биде ретка можност македонската публика повторно да ги види во живо, по подолга пауза. Со оглед на интересот што веќе се создава околу турнејата, официјалната потврда за датумот во Македонија се очекува многу скоро.


