Пожарот над Ајватовци делумно под контрола

Пожарот над Ајватовци е активен и делумно под контрола. На најмалку два крака се уште има силен оган, со кој се зафатени дрвја и зимзелена шума. Пожарникарите ќе се обидат во наредниот период да го сопрат, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Доколку пожарот не биде ставен под контрола, тој најави дека утре  ќе се интервенира со полициски хеликоптери и со авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

Претходно градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски изјави дека пожарот уште е опасен и оти состојбата ќе се следи во текот на ноќта.

-Попладне на територијата на Општина Илинден во атарот на месностите Ајватовци, Мршинци, Бучинци, Бујковци, како и на соседната општина Арачиново, избувна тежок пожар кој зафати над 100 хектари шума, претежно борова, а проценките се дека 20 до 30 ектари е изгорена. Имаше критични ситуации кога беше загрозен манастирот во Ајватовци и селото Ајватовци. Благодарение пред се на граѓаните кои дојдоа, на пожарникарите, на ЦУК, ДЗС кои заедно со хеликоптерите помогнаа во гаснењето на овој пожар, колку-толку се локализираше, рече градоначалникот на Илинден.

Според ЦУК, попладнето избувнале пожари и кај село Умово на територија на Општина Студеничани, и кај село Рашче во Општина Сарај, а изгаснат е пожарот во опшините Чешиново-Облешево и Пробиштип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот