Фото: МВР

Пожарникарите вчера интервенирале на десет пожари на отворено, сите се изгаснати

Противпожарните тимови вчера интервенирале на десет пожари на отворено, информира ЦУК. Гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци.

Регионалниот ЦУК – Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие ги бележат следните интервенции: во период од 10:30 до 13:35 часот, гаснеле запалено ѓубриште кај Спортската сала – Борис Трајковски. во гаснењето на пожарот интервенирале со 2 ПП возила и 5 пожарникари. Зафатена била површина од 1.500 м2, (Општина Карпош). Во период од 13:50 до 15:00 часот гаснеле запален сува трева покрај ул. „Бел Камен“, при што во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари. Зафатена била површина од 4.000 м2, (Општина Бутел), Во период од 21:22 до 22:55 часот, на ул. „Иван Манолев“, гаснеле запален двор – запалена барака и шупа, а во гаснењето на пожарот интервенирале со 4 ПП возила и 12 пожарникари. (Општина Бутел).

Регионалниот ЦУК Битола, информира дека, пожарникарите од ТППЕ Битола во период од 16:45 до 18:00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај с.Долно Српци. (Општина Битола); ТППЕ Демир Хисар интервенирале во период од 14:30 до 15:35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на ниска вегетација во атар на с.Обединик (Општина Демир Хисар); ТППЕ Прилеп интервенирале од 16:25 до 17:10 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација меѓу касарните и Дата центар ( кај депонијата во Прилеп) (Општина Прилеп)

Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Берово, во која се наведува дека во период од 15:15 до 17:15 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на викенд населбата „Суви Лаки“. Во гасењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 2 пожарникари и се вклучиле и месно население како и 2 лица од гранична полиција. Имале и мала интервенција во бизина на истата локација (Општина Берово)

Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово, во која се навеува дека во период од 13:10 до 16:05 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и појаси од багреми во населбата „Долно Којнари“. (Општина Куманово) и ТППЕ Крива Паланка бележеле една помала интервенција (Општина Крива Паланка)./

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот