Фото: Фејсбук

Пожар во Дојран, зафатени три куќи

Пожар избувнал утрово во депонија во Дојран при што биле зафатени три куќи, информира директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Како што информира Ангелов, се врши евакуација на локалното население и засега нема повредени лица.

Заменик генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов побара пожарникарните служби од околните градови да помогнат во справувањето со огнот.

Михаилов вели дека дојранската депонија била заклучена и оставена без чувар и запалена, а поради тоа противпожарните екипи не биле во можност да влезат веднаш во депонијата и да го спречат пожарот да се прошири кон Карабалија, а поради ветрот огнот опасно се доближува кон Стар Дојран и е надвор од контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот