Пожар во „Аурора“ во Берово, гостите веднаш евакуирани

Фото: Слободен печат

Попладнево избувнал пожар во шумата во непосредна близина на хотелскиот комплекс „Аурора“ во Берово, а гостите биле евакуирани, пренесува Независен. 

Во околината на комплексот се забележува бел чад, а гостите и вработените веднаш излегле надвор да видат што се случува. 

Пожарникарите дошле со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, а во гасењето на пожарот им помагале вработените во хотелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот