Пожар на грчкиот остров Хиос

Грција пожари / Фото ЕПА

Шумски пожар изби доцна синоќа во северозападниот дел на грчкиот остров Хиос, а во текот на ноќта беше побарано од жителите на две села, превентивно да се евакуираат.

Рано утрово засилени се силите што учествуваат во гаснењето на пожарот и интервенираат 90 пожарникари со шест пешадиски тима, 18 возила, пет авиони и четири хеликоптери, од кои еден е за координација, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.

На островот пристигнаа и пожарникари од Атина и Лезбос.

Околу еден часот по полноќ, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на две села, превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми од Хиос, пожарот бил предизвикан од запален автомобил по сообраќајна несреќа и се проширил во непрооден планински дел, а утрово ситуацијата е подобрена, меѓутоа огнената стихија сѐ уште не е ставена под контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот