Пожар избувна во фабрика во Штип, повредени се двајца работници
Пожар избувнал претпладнево околу 10 часот во фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Според портпаролот на Клиничка болница – Штип, Марина Шуманска примени се двајца пациенти со повреди, кои веднаш биле прегледани од лекарите.
Препорачано
„Во болницата се хоспитализирани двајца пациенти со телесни повреди, прегледани се од доктор Серафимов и доктор Николов, направени се компјутерска томографија и лабараторија“, вели Шуманска.
Според информации од пожарникарот, Славчо Делов пожарот кај нив бил пријавен околу 10 часот, по што тие реагирале и целосно го изгаснале најдоцна до 11 часот.
„Некаде околу 10.00 часот беше пријавен пожар во фирма во индустрискиот дел на Штип. Од наша страна е интервенирано со две возила и четворица пожарникари. Дојавата беше дека има запалена печка и кровна конструкција. Излеговме на местото, пожарот е локализиран и изгаснат, сѐ во најбрзо време“, вели Делов.
Во моментов не се знае колкава е материјалната штета предизвикана од пожарот во фабриката.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
35мин
-
57мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


