Повторно протести во Хонг Конг

Демонстрации се одржуваат и денеска во Хонг Конг, а еден од протестите е организиран, втор ден по ред, на аеродромот.

Повеќе од сто активисти ја окупираа салата за пристигнување на аеродромот, некои седеа на подот цртајќи протестни постери, додека учтиво ги поздравуваа пристигнатите патници. Некои од пораките на флаерите се „Ве молиме да ни простите за Неочекуваниот Хонг Конг” и „Дојдовте во скршен, разурнат град, а не во оној што го замислувате. Сепак, ние се бориме за овој Хонг Конг”.

Во два одвоени протести утрово, мали групи постари граѓани на Хонг Конг се собраа покрај деловната област. Двата марша минаа мирно.

Во Хонгконг веќе два месеца се одржуваат масовни улични протести, првично против законот за екстрадиција, а потоа и против полициското насилство. Последните денови демонстрантите бараат поголеми демократски права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот