Улица „Македонска“ во село Пустец, Мала Преспа, Албанија/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Повик од македонската амбасада во Тирана до Македонците да достават проектни пријава на повикот на МНРНТ

Македонската амбасада во Тирана, ги повика сите заинтересирани македонски организации, здруженија и поединци, да поднесат проектни пријави за 2025 година, кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивен интерес, што е во рамки на повикот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија.

Амбасадата на својата Фејсбук страна го пренесува повикот на Министерството наменет за оние кои потекнуваат од редовите на дијаспората, како и проектната пријава со упатството за пополнување.

Во изјава за МИА, в.д. амбасадорот Љуфтим Спахиу упати апел до сите заинтересирани да поднесат проектни пријави за добивање грант во рамки на програмата.

– Апелираме до сите заинтересирани да поднесат проектни пријави кои опфаќаат идеи и иницијативи од нивен интерес, за добивање грант, што е во рамки на програмата која се однесува на организации, здруженија и поединци кои потекнуваат од редовите на дијаспората. Ваква програма беше аплицирана и изминатите години, а нашиниците во Република Албанија се многу задоволни и благодарни, рече за МИА, Љуфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор.

Објаснува дека проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството, преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија во странство и паралелно, на e-mail: [email protected].

Додава дека доколку апликантот нема можност за скенирање на проектот, истиот се доставува по пошта до надлежното дипломатско конзуларно претставништво, во овој случај македонската амбасада во Тирана. Нагласува дека за сè што е потребно може да се јават во амбасадата за помош и соодветни насоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот