Виктор Мизо, претседател на Совет на странски инвеститори. Фотографија: принтскрин

Повеќе од половина од странските инвеститори сакаат пак да инвестираат

Над половина од странските инвеститори во држава се изјасниле дека планираат повторни вложувања во македонската економија, информираше претседателот на Советот на странски инвеститори во земјава, Виктор Мизо. Странските инвеститори имаа состанок со премиерот Христијан Мицкоски во Стопанската комора.

-Педесет и пет проценти од компаниите дадода афирмативна одлука за реинвестирање во државата што е зголемување за 13 процентни поени од анкетата во 2024 година. Разговаравме и за останатите отворени прашања како дополнителното намалување за 50 отсто на царинските стапки што ќе се направи од 1 јули годинава, а тоа значи дека ќе имаме целосна хармонизација и поголема конкурентност на нашето производство тука и на исто ниво со конкурентноста во земјите на ЕУ. Во однос на минималната плата, ние го поздравуваме она што значи останување на заложбите врз основа на законски дефинираните регулативи и да се земе предвид и продуктивноста, а не да биде ад-хок зголемување само заради потребите кои не соодветствуваат на конкурентноста на државата – рече Мизо по средбата.

Премиерот Мицкоски рече дека имале успешна дебата и дека Владата ќе ги анализира критиките и аргументите изнесени на средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот