Повеќе од 200 деца сè уште се киднапирани во Нигерија

Деца од Нигерија /Фото: EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Училиштата во северниот дел на Нигерија и понатаму се главни мети на бандите кои имаат киднапирано преку илјада ученици оваа година. Повеќе од 200 деца сè уште се киднапирани од страна на вооружените банди, пренесува Гардијан.

Немањето на доволно добро обезбедување и неподготвеноста за вооружените напади претставуваат главните причини поради зголемувањето на бројките на киднапирани деца во африканската држава.

Обединетите Нации состојбата во Нигерија ја нарекоа „епидемија на киднапирањето“.

Минатата недела, 28 ученици беа ослободени откако нивните семејства ги исполниле барањата на киднаперите.

Најмладите киднапирани деца се и по 11-годишна возраст.

„Мојата ќерка полека се враќа во нормала, таа е силна и е во добра состојба. Изгубив сè само да ја врамат неа“ изјави татко на една од киднапираните деца.

Најголемата африканска држава по бројот на жители и понатаму се справува со овој сериозен проблем кој веќе трае со години.

Нов напад во улилиште во Нигерија, вооружени напаѓачи грабнале 140 деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот