Повеќе кибер-напади врз интернет-страници на аеродроми, железницата и државни институции во Чешка

Фото: ЕПА

Кибер-напади се извршени врз официјални веб-страници на аеродроми, железници, државни и општински институции, како и врз компании во Чешката Република.

Весникот „Млада фронта Днес” објавува информација за нападите повикувајќи се на Националната управа за кибер и информатичка безбедност, според која се работи за т.н. „DdoS” напади со прекумерен број симултани отворања на страниците, што ги оптоварува серверите и доведува до застои.

Весникот пишува дека поради нападите Чешките железници не можат да продаваат билети преку Интернет.

Националната управа за кибернетичка и информатичка безбедност издала предупредување за зголемена закана од хакерски напади врз локации во Чешка поради ситуацијата во Украина.

Експертите предупредуваат на можни обиди за навлегување во компјутерските мрежи на стратешки важни државни институции и претпријатија, веб-страниците на јавните служби и медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот