Повеќе од 1.000 навивачи ќе ја бодрат Словенија во Скопје

Повеќе од илјада навивачи купиле билети и ќе ја бодрат словенечката фудбалска репрезентација на гостувањето во Скопје в четврток, најавуваат медиумите во оваа земја.

Со ваква поддршка, Словенците покажуваат дека дуелот со избраниците на Игор Ангеловски им е многу важен.

Селекцијата на Словенија вечерва одржува тренинг во Љубљана, а утре треба да пристигне во нашиот главен град каде в четврток ќе се игра дуелот од квалификациите за ЕП 2020.

Селекторот Матјаж Кек рече дека во Скопје одат на победа, со што би се одмаздиле за нерешениот резултат во Љубљана кој го сметаат за неуспех.

После гостувањето на „Тодор Проески” арената, Словенците ќе играат дома против Австрија, во уште еден важен меч за нив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот