Потврдено: Ѓоковиќ ќе игра на Австралија Опен

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Новак Ѓоковиќ се најде на списокот учесници за Австралија Опен, дека Новак ќе игра во Мелбурн беше јасно и откако му се укина забраната за влез во Австралија, сега е и официјално потврдено.

Во јавноста веќе е објавен списокот на учесници на првиот Грен Слем во новата сезона и на него стои и името на Ѓоковиќ. Ѓоковиќ на турнирот ќе биде петти носител зад Алкараз, Надал, Руд и Циципас.

На почетокот на оваа година како што е познато Ѓоковиќ остана без настап во Австралија и тоа после голема драма поради ковид-протоколите. Токму тие случувања може да бидат дополнителен мотив да Ѓоковиќ да стигне до 10-тата титула на овој турнир.

Видео на денот