фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Потврдено: Жул Кунде ќе биде подготвен за потенцијалното финале во ЛШ

Жил Кунде беше еден од најстандарните играчи на Барселона оваа сезона, а сега претрпе повреда која ќе го принуди на кратка пауза.

За среќа, повредата на мускулот што ја заработи против Интер не е сериозна, но нема да може да се опорави до реваншот, ниту за „Ел Класико“ на 11 мај.

Кунде ќе биде надвор од терените околу три недели, што значи дека неговата потенцијална главна цел е да биде подготвен за финалето на Лигата на шампионите, доколку Барса го елиминира Интер.

Тој ќе го пропушти гостувањето против Ваљадолид во сабота, потоа Интер, „Ел Класико“, како и дуелите со Еспањол, Виљареал, додека би можел да биде подготвен за последното коло од Ла Лига на 25 мај против Атлетик Билбао.

Ова несомнено е огромен удар за тренерот на Барса, Ханси Флик, бидејќи Кунде помина над 4.000 минути на теренот оваа сезона, одигра над 50 натпревари и беше еден од најважните играчите во каталонскиот гигант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот