Потврдена причината за смртта на актерот Џејмс Ренсоун, обдукцијата потврди самоубиство
Американскиот актер Џејмс Ренсоун почина на 19 декември во Лос Анџелес, на 46-годишна возраст, а сега официјално е потврдена и причината за неговата смрт, пишува „Пипл“.
Препорачано
Медицинската служба на округот Лос Анџелес соопшти дека станува збор за самоубиство, со што е потврдена и првичната квалификација на случајот.
Два дена по неговата смрт, сопругата Џејми Ренсоун се огласи на Инстаграм со емотивна порака во која се прости од својот сопруг. Таа пишуваше за нивната длабока поврзаност и љубов, истакнувајќи дека тој засекогаш ќе живее преку нивните деца, Џек и Вајолет.
По неговата смрт беше покрената и GoFundMe кампања со цел да му се помогне на семејството околу финансиските трошоци. Во описот на кампањата, Ренсоун е опишан како сакан сопруг, татко и пријател, како и исклучително посветен родител, за кого семејството било центар на животот.
Џејмс Ренсоун е роден на 2 јуни 1979 година во Балтимор, во сојузната држава Мериленд. Најголемата популарност ја стекна со улогата во култната серија „Жица“ (The Wire), а пошироката публика го памети и по улогата на Еди Каспбрак во филмот „Тоа: Второ поглавје“ (It: Chapter Two), продолжение на екранизацијата на романот на Стивен Кинг.
Во текот на кариерата оствари запаметени улоги во филмовите „Црниот телефон“ (The Black Phone) од 2021 година и во најавеното продолжение „Црниот телефон 2“ (Black Phone 2), како и во сериите „Закон и ред“ (Law & Order) и „Хаваи 5-0“ (Hawaii Five-0). Глумеше и во филмот „Тангерин“ (Tangerine) од 2015 година, во режија на Шон Бејкер.
Почина американскиот актер Џејмс Ренсоун на 46-годишна возраст


