Потврдена доживотната суспензија на Карим поради сексуална злоупотреба на фудбалерки!

принтскрин/youtube

Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана ја отфрли жалбата на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Авганистан на доживотната суспензија што ја доби поради сексуална злоупотреба на фудбалерки, односно репрезентативки.

ЦАС ја потврди суспензијата и изјави дека Керамудин Карим извршил „ужасни дела“ над фудбалерките кои го обвинија за пет години сексуална злоупотреба од 2013 година.

Преземени се посебни безбедносни мерки за заштита на фудбалерките за време на сведочењето.

Фудбалерките сведочеа од безбедно место, преку телефон, користејќи програми за препознавање на глас за да се заштити нивниот идентитет – пишува во соопштението.

Покрај жалбата на суспензијата која ја одреди Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), беше одбиена и жалбата на паричната казна од еден милион швајцарски франци. Тоа е максималната казна што може да ја одреди ФИФА.

Керамудин Карим ги прекрши основните човекови права и нанесе штета на психичкото и физичкото достоинство и интегритет на младите фудбалерки. Со неговите ужасни дела, тој не само што ги уништи нивните кариери, туку и сериозно ги оштети нивните животи – се вели во соопштението на судот.

ФИФА го суспендираше Карим за време на Светското првенство во Франција во јуни 2019 година, откако беше покрената истрага заснована врз наводите од женските национални репрезентативни селекции на Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот