Потресот го почувствувале во сите околни држави, јачината официјално е 4,6 степени

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот кој вечерва ја погоди Македонија имал јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а дека епицентарот, наспроти првичните информации, бил на косовска територија, во близина на границата со Македонија.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6“, велат од Опсерваторијата.

„Според досегашните податоци со кои располагаме, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, пишува во соопштението.

Според податоците достапни на интернет и според сведоштвата на граѓани на социјалните мрежи, земјотресот бил почувствуван во делови од сите соседни држави, во кои тој е забележан и на официјалните сеизмолошки мерни инструменти.

Силен земјотрес ја стресе Македонија, се почувствувал насекаде

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот