Фото: архива

Силен земјотрес ја стресе Македонија, се почувствувал насекаде

Силен потрес вечерва се почувствува во Скопје, а според првичните податоци кои ги бележат сеизмолошките страници на интернет, јачината била од 4,3 до 4,9 степени по рихтеровата скала.

Епицентарот, според овие информации, е на 15-тина километри северно од Тетово, во општината Теарце. Жителите на градот и околината велат дека таму земјотресот се почувствувал како многу силно тресење кое предизвикало предмети да паѓаат од полици и траело десетина секунди.

На социјалните мрежи граѓаните пријавуваат дека го почувствувале силниот потрес во 22 часот и 6 минути. Во повеќе делови од Скопје граѓаните вознемирени излегоа на улиците, а тресењето било особено изразено на повисоките катови од зградите. Според сведоштвата, земјотресот е почувствуван во цела западна и централна Македонија.

Се очекуваат официјални податоци од Сеизмолошката опсерваторија за земјотресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот