Дајана Јастремска и сестра Ивана ја напуштаат Украина/ фото: instagram/dayana_yastremskay

Потресно видео| Мама, тато ве сакам: Украинска тенисерка се простува од родителите пред да си замине од Украина

Руската воена инвазија на Украина натера поголем дел млади спортисти да си заминат од земјата, а една од нив е 21-годишната тенисерка Дајана Јастремска.

Нејзините родители одлучија Дајана заедно со шест години помладата сестра Ивана да ги напуштат Одеса и Украина, а тенисерката не можеше да ги запре солзите при разделбата.


– По две непроспиени ноќи минати во подземниот паркинг моите родители, и покрај моја волја, донесоа одлука по секоја цена мене и мојата помлада сестра да не испратат надвор од Украина. А тие остануваат во мојата земја. Мамо, тато ве сакам најмногу, чувајте се! Ја сакам својата земја. Украинци, чувајте ги своите животи – напиша Јастремска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот