Потресна исповед на Деле Али: На шест години бев сексуално злоставуван, на осум продавав дрога

фото: принтскрин/youtube.com/@TheOverlap

Фудбалерот на Евертон, Деле Али, во интервјуто со Гери Невил, зборуваше за проблемите со кои се соочи неодамна при враќањето од позајмицата во Бешикташ, а во таа прилика откри уште неколку шокантни детали од неговото детство.

Поранешниот играч на Тотенхем откри дека откако се врати во Англија од Турција, откако дозна дека мора да оди на операција, помина неколку недели на рехабилитација поради проблеми со менталното здравје и зависноста од апчиња за спиење.

– Бев заробен во лош круг и се потпирав на нешта што ми нанесуваа штета. Секое утро се будев и ја добивав битката со одење на тренинг, со насмевка, покажувајќи дека сум среќен, но внатре во мене дефинитивно ја губев битката. Сега е време да го сменам тоа – рече Али.

Додаде дека не знаеше колку може да добие со таква одлука, а потоа кажа дека во детството му се случија многу лоши работи.

– Не е нешто за што сум зборувал толку многу, но имаше неколку инциденти кои ви даваат разбирање. На шест години бев злоставуван од пријателот на мајка ми, кој често беше дома. Мајка ми беше алкохоличарка – се зборовите на Али.

Фудбалерот на Евертон стана многу емотивен и беше виден како ги брише солзите додека се отвори за својата траума.

– Ме испратија во Африка да научам дисциплина, а потоа ме вратија назад. На седум години почнав да пушам, на осум години продавав дрога – рече Али.

Ја користеше љубовта кон фудбалот како покритие за транспорт на недозволени супстанци.

– На 11 години момче од соседниот имот ме закачи на мост. Бев посвоен на 12 години и оттогаш чувствував дека сум дел од прекрасно семејство. Не можев да побарам подобри луѓе. Ако Бог ги создал луѓето, тоа биле тие – изјави Деле Али.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот