Свлечиште по поплавите во Тетово / Фото: Тетово Инфо

Потпорен ѕид падна врз куќа во Тетово, закана од свлечишта на повеќе места

По невремето во Тетовскиот регион, покрај голем број штети пријавено е и паѓање на потпорен ѕид врз куќа, поради што како што велат од  Центарот за управување со кризи, на терен се полициски екипи и општински инспекциски служби.

Евидентирани се и повеќе свлечишта – на патот кон Попова Шапка, на околу 150 метри од жичарата, а како што се додава одронот претставува ризик за околните станбени објекти. Големо свлечиште е регистрирано на улица 195, на патниот правец од с. Џепчиште кон с. Џермо. Патот е непрооден за цело маало. Како и свлечиште на улица „Прохор Пчински“. Во село Вејце пријавено е свлечиште над куќа со веќе постоечки оштетувања од земјотресот.

Свлечиште по поплавите во Тетово / Фото: Тетово Инфо

Во Општина Желино, реката Вардар се излеа во село Стримница, при што се поплавени пет куќи. Поради конфигурацијата на теренот, пристапот за интервенција е отежнат. Во Општина Теарце пријавени се поплавени подрумски простории во село Теарце. Известени се надлежните институции. Во Општина Јегуновце поплавен е локалниот пат од село Сиричино кон село Јегуновце. Општината испрати механизација и се очекува нормализирање на сообраќајот.

Најкритично со поплавите е во Форино и во Кичево – Слободен печат

Во Гостивар состојбата се стабилизира по престанокот на врнежите. Реките во селата Лакавица, Беловиште, Мало Турчане и Балиндол се повлечени во своите корита.Во село Форино, по излевањето на реката Вардар, водата е повлечена од улиците. Поплавени се околу 200 куќи. Во тек е испумпување на водата со ангажирање на служби и локално население.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот