Поставил камера за да види кој му го краде зеленчукот, „пукнал“ од смеење кога ја видел снимката (ВИДЕО)

принтскрин

Дабарот крадец е потенцијална интернет ѕвезда. Кога еден корисник на YouTube забележал дека некој му краде зеленчук од дворот, поставил камера за да го фати крадецот.

Нормално, тоа бил овој пресладок дабар.

Снимката како овој дабар јаде краставица е прегледана повеќе од 400 илјади пати на YouTube, а дабарот доби и свој канал кој веќе има повеќе од илјада претплатници.

„Најсладок крадец некогаш“, коментираа многу љубители на животни.

Освен во кражба на краставици, фатен е и како краде црвени и зелени домати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот