Зоран Јовановски,/ фото: Слободен печат

Последиците од кризата ќе бидат долгорочни, предвидува економистот Јовановски

Во вечерното гостување во Тема на денот во вестите на „Сител“, економистот Зоран Јовановски вели дека сите треба да разбереме дека последиците од кризата ќе бидат долгорочни. Покрај тоа што цените на нафтата ќе растат, можно е и самата достапност на нафтата да е проблем. Тој вели дека колку што е можно треба да се чува горивото што го имаме во моментот.

Можеби треба да се размислува за возење на пар-непар, да се зголеми работата од дома итн., за да кога ќе треба, горивото да се пренасочи кон земјоделството за производство на храна, вели Јовановски.

Суштински најважната работа во моментов според Јовановски е тоа дека ние не смееме да ја загрозиме иднината на младите генерации, само за да се одржи комодитетот на сите останати.

„Мораме да разбереме дека секој од нас во овој процес треба да си преземе дел од тежината. Едноставно животот ќе ни биде потежок додека трае кризата и тоа мора да го прифатиме“, вели Јовановски.

Масовни отпуштања во тек во 19 бугарски региони, без работа останаа над 3.500 работници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот