Португалскиот напаѓач Леао потпиша нов договор со Милан

фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Милан објави дека Рафаел Леао го продолжи договорот со Милан кој ќе трае до 30 јуни 2028 година.

Рафаел Леао го облече дресот на „росонерите“ во 2019, до сега запиша 41 гол и 29 асистенции во 162 настапи.

Португалскиот напаѓач минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во Серија А.

– Среќен одам на одмор, очекувам многу со Милан во иднина. Дали ќе го сменам бројот 17 на дресот? Ќе видиме, за мене е посебна бројка – вели Леао.

Милан одлучи откупната клаузула на играчот да биде 175 милиони евра, а Португалецот би можел да заработува со бонуси седум милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот