Португалија си закажа пресметка со Македонија, Бејл игра фантастично за Велс

Фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Селекцијата на Португалија ќе игра против Македонија во финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар откако во Порто со 3:1 ја совлада Турција.

Португалците поведоа со голот на Отавио во 15. минута, додека на крајот од првиот дел Диого Жота ја удвои предноста. Турците намалија во 65. минута преку Јилмаз кој подоцна беше трагичар на натпреварот поради промашениот пенал во 83. минута. Казната за промашувањето дојде во судиското продолжение кога Нуњез ги постави конечните 3:1.

Финале во баражот за пласман на СП во Катар ќе игра и селекцијата на Велс која со 2:1 ја совлада Австрија. Човек на одлука беше Герет Бејл кој игра фантастично за својата репрезентација постигнувајќи ги двата гола 25. и 51. минута. Австрија во 65. минута намали на 2:1 по автоголот на Дејвис, но немаше сили за израмнување.

Велс во финалето на баражот ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шкотска и Украина,а овој натпревар е закажан за јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот