Македонија/РФМ

Португалија не е Данска, но е силна репрезентација: Ако сакаме втора фаза – денеска мора да победиме

По поразот од силната Данска, Македонија денеска ја очекува нов натпревар на Европското првенство против уште една силна селекција која на првенството е дојдена по медал.

Португалија не ниво на Данците, меѓутоа и тие имаат голем квалитет, доказ за тоа е четвртото место на Светското првенство минатата година.

„Португалија е одлична селекција и тука дојде да се бори за медал. Сепак, не е на нивото на Данска. Мораме да бидеме позитивни и реални и да се обидеме да одиграме подобро од вчера. Сите посакуваме изненадување, но мора да стоиме цврсто на земја и да бидеме компетитивни. Португалија е фаворит, нивните апетити пораснаа, мислат дека можат дури и до медал. Ќе се обидеме да им го пореметиме планот. Треба да се водиме и да учиме и до Данска и од Португалија“, изјави селекторот Лазаров пред овој дуел.

Последните два натпревари против Португалија ги игравме во 2023 година во квалификациите за Европското првенство и ддвата ги загубивме на слчен начиин. Од Скопје си заминаа со трумф од 29-23, додека на гости бевме поразени со 32-27.

Нивниот стил на игра е сличен на данскиот, иако немаат ракометари од тој ранг, а во нашиот табор знаат и каде може да ја бараме шансата.

„Се надевам дека ќе бидеме подобри на овој дуел, како во одбраната, така и во нападот. Треба да ги намалиме грешките, а воедно и да ја поправиме реализацијата. Исто така треба да посветиме многу внимание на враќањето во одбрана, бидејќи тоа е клучот да не примиш многу голови против таков тип на селекција“, истакна ракометарот на Алкалоид, Игор Ѓорѓиев.

Треба да се знае дека, ако Македонија сака пласман во втората фаза, денеска нема да друга опција освен победа, а со оглед на тоа што против Романците во натпреварот од третото коло ние ќе ја имаме фаворитската улога, ова е веројатно и најважниот дуел на турнирот.

Натпреваот денеска се игра во терминот од 18:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот