Порше/ Фото Jamie Mann / Alamy / Profimedia

„Порше“ станува косопственик на „Варта“

Германскиот производител на батерии „Варта“ постигна договор за реструктуирање со своите доверители изминатиот викенд, при што производителот на спортски автомобили „порше“ влезе во нивната сопственичка структура.

Со договорот постигнат по неколкудневни интензивни преговори, долгот на „Варта“ ќе биде намален од 485 на 200 милиони евра, објави компанијата. Производителот на батерии за глобалните автомобилски, индустриски и потрошувачки пазари работи на договор меѓу неговиот главен акционер Мајкл Тојнер, доверителите и „Порше“ за намалување на долгот и обезбедување свеж капитал. Според договорот, Тојнер и „Порше“ ќе бидат нови сопственици на „Варта“ и заедно ќе обезбедат докапитализација од 60 милиони евра.

Дополнителни 60 милиони евра ќе дојдат од доверителите како високи обезбедени заеми, соопштија од компанијата, додавајќи дека подоцна може да се вклучи и трет инвеститор.

„Ние сме во напредни разговори со други инвеститори кои би сакале да ни се придружат“, рече извршниот директор на „Варта“, Мајкл Остерман, пишува Хина. „Порше“ ќе обезбеди пристап до батерии со високи перформанси за хибридни и електрични спортски автомобили.

„Сакаме да растеме во областа на батерии за фотоволтаични системи и тркалезни батерии за слушалки на „Епл“ и моментално бараме вработени во овие бизниси“, рече тој. „Варта“ на тој начин ќе ги задржи сите свои производствени локации во Германија, со само „умерено“ намалување на бројот на вработени во администрацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот