Поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус: Бара милиони за некои од најголемите хитови што ги напишала додека биле во брак
Пејачката Ејми Вајнхаус имаше само 27 години кога во 2011 година почина од труење од алкохол, а мајка ѝ Џенис реши дека сега е време да ја раскаже целата приказна за ќерка ѝ во новиот документарец „Ејми Вајнхаус: 10 години наназад“.
View this post on Instagram
Таа вели дека светот не ја знаел вистинската Ејми, поради што решила да ѝ открие на јавноста досега непознати нешта од нејзиниот живот.
View this post on Instagram
По нејзината смрт родителите основале фондација. Со оглед дека пред да почине Ејми не оставила тестамент, богатството од 5,3 милиони долари го наследиле родителите, додека поранешниот сопруг, актерот Блејк Филдер – Цивил, од кого се развела во 2009 година, не добил ништо.
Незадоволниот Блејк решил осум години по смртта да бара свој дел од 1,8 милиони долари, бидејќи според него тој има право на парите заработени од хитовите што Ејми ги напишала додека биле заедно.
View this post on Instagram
Бесчувствителното барање го шокирало семејството на Ејми, а многумина сметаат дека Блејк нема право на тоа бидејќи не само што биле разведени, туку и нивната врска била турбулентна и вестите за нивниот однос најчесто биле вознемирувачки.