Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Поранешниот сопруг на Џил Бајден обвинет за убиство на сопругата

Вилијам Стивенсон, поранешниот сопруг на Џил Бајден, сопругата на ексамериканскиот претседател Џо Бајден е обвинет за убиство на својата сопруга, Линда Стивенсон, објави Гардијан.

Линда Стивенсон, 64, беше пронајдена мртва во нејзината дневна соба на 28 декември. Полицијата одговори на повик во врска со „семејна расправија“. Кога пристигнале властите, ја пронашле во несвест и, и покрај обидите да ѝ пружат прва помош, не можеле да ја спасат.

Нејзиниот сопруг, 77, иако се јавил во службите за итни случаи и наводно соработувал со полицијата за време на пронаоѓањето на телото, вчера е уапсен под обвинение за убиство од прв степен. Според полицијата, апсењето следело по „неколкунеделна истрага“ за околностите на нејзината смрт.

Вилијам Стивенсон се оженил со Џил Бајден во 1970 година, а се развеле пет години подоцна. Во 1977 година, Џил Бајден се омажила за Џо Бајден.

Обвинетиот, познат и како „Бил“ Стивенсон, е основач на популарниот клуб во Делавер, „Стоун Балон“, кој бил домаќин на познати музичари и бендови како Брус Спрингстин и „Металика“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот