Поранешниот шеф на Хамас ги повика муслиманите на протести: „Вие што учите џихад, сега е време да ја примените теоријата“

Фото: МИА

Поранешниот шеф на Хамас Калид Мешал повика на протести низ муслиманскиот свет во петок за поддршка на Палестинците. Тој ги повика и народите од соседните земји да се приклучат во борбата против Израел, пренесува Ројтерс.

„Мораме да излеземе на плоштадите и улиците на арапскиот и исламскиот свет во петок“, рече Мешал, кој моментално ја предводи канцеларијата на Хамас за дијаспората, во видео изјава испратена до Ројтерс.

Мешал, кој е со седиште во Катар, рече дека владите и народите на Јордан, Сирија, Либан и Египет имаат поголема должност да ги поддржат Палестинците.

Племињата на Јордан, синовите на Јордан, браќата и сестрите на Јордан. Ова е моментот на вистината и границите се блиску до вас, сите ја знаете вашата одговорност“, рече Мешаал.

Јордан и Либан се дом на најголем број палестински бегалци.

„На сите научници кои предаваат џихад, на сите кои учат џихад, ова е моментот да се применат теориите“, рече Мешал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот