Поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пинера загина во хеликоптерска несреќа

фото: МИА, Себастијан Пинера

Поранешниот чилеански претседател Себастијан Пинера загина денеска во хеликоптерска несреќа на југот на земјата, објави локалниот медиум Ла Терцера.

Три извори потврдија за Ројтерс дека Пинера загинал во несреќата. Чилеанскиот милијардер беше претседател на земјата во два мандати, од 2010 до 2014 година и од 2018 до 2022 година.

Владини извори, изјавиле дека четири лица патувале во хеликоптерот кога се урнал и дека тројца биле „пронајдени од првите служби за итни случаи“.

Чилеанската национална агенција за катастрофи потврди дека хеликоптер се урнал во јужниот град Лаго Ранко, при што едно лице загинало, а три други се повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот