Поранешниот германски канцелар Шредер го тужи парламентот поради одземени привилегии

Герхард Шредер
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер го тужи парламентот во обид да ги врати специјалните привилегии што му беа одземени во мај, изјави неговиот адвокат за ДПА.

Шредер (78) ја бара својата пратеничка канцеларија во тужба поднесена во Управниот суд во Берлин, изјави неговиот адвокат во Хановер, Михаел Нагел.

Комисијата за буџет на германскиот парламент во мај донесе одлука дека Шредер, кој долго време беше предмет на жестоки критики во Германија поради неговите врски со Русија, мора да се откаже од правото на канцеларија во Бундестагот, иако се уште има право на пензија и осигурување.

Адвокатскиот тим на поранешниот канцелар тврди дека е незаконска одлуката на буџетската комисија на Бундестагот да го прекине финансирањето на канцеларијата на персоналот на која има право на Шредер и да ја прекине, се вели во соопштението од правната канцеларија, јави ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот