Ерик Шмит, Мишел Ритер - Фото: Принтксрин/Јутјуб

Поранешниот директор на Гугл се најде во центарот на скандал: 39-годишната љубовница го тужи за злоупотреба

Поранешниот главен извршен директор на Гугл, Ерик Шмит (70), се најде во центарот на скандал откако беше тужен од својата поранешна партнерка Мишел Ритер (31), а сега се објавени деталите за нивната бурна афера.

Нивната врска траела пет години, а таа од него барала да се разведе од својата сопруга Венди Шмит, со која наводно има отоворен брак.

„Тоа е финансиско прашање. Тој не сака да го дели своето богатство. Имаат семејство и фондација. Не мислам дека сака да се откаже од тоа“, изјавил извор за „Њујорк Пост“.

Луѓе кои го познаваат тврдат дека тој воспоставил „хиерархија“ меѓу својата сопруга и девојките и дека тој одредувал кога која од нив ќе се појави со него во јавност.

„Таа има многу тежок карактер. Често имаше промени во расположението. Никогаш не знаевте која верзија од неа ќе ја добиете“, изјавил поранешен вработен за истиот медиум. Шмит ѝ го препуштил водењето на бизнисот, што на крај довело до пропаст. Постави 23-годишници на раководни позиции. Одржуваше состаноци со вработените во Мајами, облечена во бикини. Одеднаш заработуваше милион долари годишно и немаше никакви трошоци. “, раскажал изворот, додавајќи дека вработените пиеле алкохол за време на работното време.

Ритер минатата година поднела барање за привремена забрана за приближување против Шмит. Забраната била укината кратко потоа.

Постои и тужба во која Ритер го обвинува Шмит за следење, злоупотреба и „токсично однесување“, тврдејќи дека тој постојано ја држел под надзор додека биле во врска.

Новинарите се обиделе да стапат во контакт со Шмит по нејзините обвинувања, но тој сè уште не се огласил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот