Поранешниот австралиски премиер Морисон сам се поставил на неколку министерски позиции

Скот Морисон
Скот Морисон / Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Информациите дека поранешниот австралиски премиер сам си се поставил на неколку министерски позиции за време на пандемијата од Ковид-19, денеска предизвикаа политички скандал. Неговиот наследник вети брза истрага.

Премиерот Ентони Албанезе го обвини поранешниот шеф на Владата, Скот Морисон, за лоши политички потези, откако протекоа информации дека сам се поставил на позиции, меѓу другото, на министер за здравство, финансии и ресурси, а за тоа не ги известил колегите, Парламентот, избирачите.

Албанезе денеска изјави дека побарал правна помош, нарекувајќи ги потезите на Морисон „без преседан”. Тој очекува дополнителни информации во текот на денешниот ден.

– Се работи за политички потези што би ги исмејувале, доколку беа во недемократска држава. Скот Морисон ја водеше Владата од сенка, тврди Албанезе.

Како што се пишува, во некои случаи, Морисон се поставил себеси за министер, а не ги известил членовите на кабинетот, кои претходно ги назначил на истите позиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот