Поранешната ѕвезда на Ливерпул слета во Турција (ВИДЕО)

instagram.com/parolatrabzon

После шест и пол години во дресот на Ливерпул, со позајмица во Вест Бромвич Албион, Стариџ (29) се наоѓа пред трансфер во турскиот прволигаш Трабзон.

Тој веќе слета во Турција каде што треба да ги помине лекарските прегледи и потоа го потпише договорот со неговиот нов клуб.

Доаѓа како слободен агент, а за Редси, кои не му понудија нов договор, имаше вкупно 160 натпревари и 67 голови.

Трабзон има големи амбиции и на меѓународната сцена, во третото коло од квалификациите за Лига Европа ја исфрли Славија Прага, а последна пречка до групната фаза е грчкиот АЕК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот