Поранешната претседателка на Мјанмар префрлена од затвор на друга локација

Аунг Сан Су Чи
Осудената Аунг Сан Су Чи, поранешна лидерка на Мјанмар/ Фото EPA-EFE/FRANCK ROBICHON / POOL

Поранешната лидерка на Мјанмара, 78-годишната Аунг Сан Су Чи од затвор е префрлена на друга локација.

Локалните медиуми, цитирајќи го портпаролот на воената хунта Зав Мин Тун, објавија дека причината за овој потег е загриженоста за нејзиното здравје со оглед на високите температури во главниот град Непјидо, каде што се наоѓала Су Чи.

Не е сигурно дали е одведена во друг затвор или е префрлена во домашен притвор. Хунтата не ги информирала адвокатите на Су Чи за планот или за нејзината нова локација, изјави за ДПА извор близок до затворските власти.

Покрај Су Чи, поранешниот претседател Вин Минт, кој беше одведен во затвор на околу 100 километри јужно од главниот град, исто така беше преместен. Денеска беа ослободени и повеќе од 3.000 затвореници по повод новогодишниот фестивал на водата локално познат како Тингјан, објави воената хунта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот