Поранешната премиерка на Нов Зеланд ќе се бори против ширењето на екстремизмот во земјата

Џасинда Ардерн/ Фото EPA-EFE/HAGEN HOPKINS /

Поранешната премиерка на Нов Зеланд Џасинда Ардерн ќе преземе водечка улога во борбата на земјата против онлајн екстремизмот, соопшти денеска новозеландската влада. На почетокот на годината Ардерн ненадејно се повлече од премиерската позиција и му препушти на Крис Хипкинс да го преземе раководството на владата како лидер на Лабуристичката партија.

Таа сега, како специјален пратеник на глобалната иницијатива „Крајстчерч Кол“, основана во 2019 година, ќе се вклучи во неплатена работа во борбата против екстремизмот. Иницијативата обединува над 120 земји, технолошки компании и даватели на интернет услуги и здруженија на граѓанското општество во колективните напори за борба против сите форми на екстремизам.

Во март 2019 година, во напад на две џамии во Крајстчерч, вториот по големина град во Нов Зеланд, загинаа 51 лице, а 40 други беа повредени. Нападот го изврши 28-годишниот Брентон Тарант, а во пресрет на нападот објави манифест на 87 страници полн со антимигрантски и антимуслимански содржини, како и објаснувања зошто го извршил нападот.

Делови од нападот пренесуваше во живо на својата Фејсбук страница. „Повикот од Крајстчерч е приоритет на надворешната политика и Џасинда Ардерн продолжува да работи на елиминирање на насилниот екстремизам на интернет“, рече Хипкинс.

„Терористичката и друга екстремна насилна содржина на интернет е глобален проблем, но за многумина во Нов Зеланд тоа е многу личен“, додаде тој. Ардерн стана најмладата премиерка во светот кога победи на изборите на 37-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот