„Немам сили да ја водам државата“: Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден поднесе оставка

img alt
Џасинда Ардерн, 40-та премиерка на Нов Зеланд / EPA-EFE/DAVID ROWLAND

Џасинда Ардерн со своите 37 години стана најмладата премиерка во светот. Пет години подоцна, таа вели дека е исцрпена и ја напушта премиерската функција. Генералните избори за нов премиер на Нов Зеланд треба да се одржат 14 октомври годинава.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека нема повторно да се кандидира на парламентарните избори и дека планира да се повлече од функцијата најдоцна во февруари.

– Минатото лето се надевав дека ќе можам да се подготвам не само за уште една година, туку и за уште еден мандат – затоа што оваа година тоа е неопходно. Не успеав во тоа.

Не заминувам бидејќи беше тешко. Да беше тоа причината, веројатно ќе заминев по два месеца на функцијата. Заминувам бидејќи, со таква привилегирана улога доаѓа и одговорност. Одговорност е да знаете дека сте вистинската личност да ја водите земјата, но кога не сте. Знам што бара оваа работа и немам веќе доволно ‘гориво’ да го работам тоа на вистински начин“ – рече меѓудругото Ардерн во нејзиното неочекувано обраќање, за кое многумина велат дека се шокирани.

Ардерн соопшти дека најдоцна на 7 февруари ќе поднесе оставка од Лабуристичката партија, со што и завршува мандатот. Генерслните избори за нов премиер на Нов Зеланд треба се одржат на 14 октомври годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот