Поранешната порно-ѕвезда Џена Џејмисон повторно оди, по борбата со болеста

Фото: Инстаграм

Поранешната ѕвезда на филмовите за возрасни Џена Џејмисон (48) направила чекор напред во своето закрепнување од мистериозната болест поради која ја изгубила способноста да оди. Таа споделила видео на кое оди без помош за да им покаже на обожавателите до каде напредувала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose)


Лекарите првично ѝ дијагностицирале синдромот Гилен-Бар (Guillain-Barré), автоимуно нарушување во јануари, откако прво ја изгубила способноста за одење, но подоцна по серија тестови го отфрлиле ова нарушување. Во февруари таа конечно била отпуштена од болница по нешто помалку од два месеца.

– Сакам да ви покажам дека можам да одам, без помош. Мислам, не одам совршено, но барем сум на нозе – рекла Џејмисон.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Таа пред неколку месеци им соопштила на своите обожаватели дека болеста не ја оставила парализирана и дека „прави чекори“ со помош на справа за одење.

Таа објаснила и дека проблемот е во нејзиниот лев феморален нерв, кој се протега од колкот до малку над коленото и ги контролира околните мускули.

– Се чувствувам многу подобро. Полека, но сигурно си ја враќам силата. Ова не беше само физички напорно, туку и повеќе од тоа. Голем ментален предизвик – рекла таа.

Џејмисон своевремено рече дека вакцинатапротив ковид-19 не е поврзана со нејзините здравствени проблеми. Во сега избришаната објава на Инстаграм, таа рече дека „НЕ ја примила вакцината или било каква вакцина“. ГБС е „многу редок“ можен несакан ефект на вакцината против ковид-19 „Џонсон и Џонсон“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose)

Погрешно дијагностицирана, уште не може да стане од кревет: Порно актерката Џена Џејмисон нема Гилен-Бар синдром

Поранешната порно ѕвезда Џена Џејмисон оставена неподвижна: Дијагностицирана ѝ е ретка автоимуна болест

Видео на денот