Поранешната порно ѕвезда Џена Џејмисон оставена неподвижна: Дијагностицирана ѝ е ретка автоимуна болест

џена џејмисон
Фото: Принтскрин / Instagram

Актерката во порно филмови Џена Џејмисон се соочува со сериозен медицински проблем, откако ѝ беше дијагностициран Гилен-Баре синдром (GBS) – и ја остави неподвижна.

Се работи за реткото автоимуно нарушување кое ги оштетува нервите на сопствениот имунолошки систем на личноста, понекогаш предизвикувајќи парализа.

Откако се чувствуваше болно и слабо со недели и помина неколку тестирања кои не ја открија причината, Џејмисон конечно мораше да се пријави во болница по страотната случка кога колабирала во својот дом бидејќи не можела да ја додржи сопствената тежина на своите нозе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson Bitton (@jennacantlose)

Џејмисон ги информираше фановите во понеделникот обраќајќи им се преку нејзиниот инстаграм-профил, откако нејзиниот партнер Лиор Битон откри дека е хоспитализирана на Хаваи. 47-годишната Џена во објавата рече дека прима интравенска имуноглобулинска терапија (IVIg) и дека ќе остане во болница додека не заврши лекувањето.

„Се надевам дека наскоро ќе заминам одовде“, напиша таа, појаснувајќи дека дијагнозата не е поврзана со примање вакцина за Ковид-19.

GBS е „многу редок“ можен несакан ефект од вакцината за Ковид-19 „J&J“. Поранешната ѕвезда од филмовите за возрасни рече дека „НЕ ја примила вакцината или каква било вакцина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson Bitton (@jennacantlose)

Битон ги предупреди обожавателите во саботата дека Џејмсон отишла во болница откако таа „повраќала неколку недели“. Почетната томографија не открила ништо загрижувачко, па по првичните прегледи таа заминала дома.

“Потоа се врати дома и не можеше да се носи самата себеси. Нејзините мускули на нозете беа многу слаби. Затоа не можеше да оди ни до тоалетот. Таа паѓаше одејќи до бањата, па мораше да ја кренам и да ја однесам во кревет. А потоа во рок од два дена навистина толку не ѝ беше добро, што нејзините нозе почнаа да не ја додржат — таа не можеше да оди“, објасни нејзиниот партнер.

Џејмсон колабирала обидувајќи се да користи помагало и не можела да ја задржи нејзината телесна тежина, па Битон повторно ја вратил во болница. По „куп тестови“ вклучително уште една КТ, МР и спинална слика, лекарите конечно се посомневале во GBS. Тежината на нарушувањето може да варира од многу благ случај со кратка слабост до речиси разорна парализа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson Bitton (@jennacantlose)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот