Поранешната Мис на Македонија Вера Мештеровиќ се впушта во водителските води

Instagram

Нашата поранешна Мис на Македонија, модел, актерка и професионален модератор Вера Мештеровиќ на својот инстаграм-профил ги израдува своите обожаватели, пријатели и следбеници со својот најнов ангажман.

Имено, Мештеровиќ се впушта во водителските води, па така гледачите пред малите екрани ќе имаат можност да ја гледаат во склоп на Утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал5 телевизија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

Вера сподели фотографија со своите нови колешки Бубе Јаневска и Јелена Спенџарска
на кои воедно им се заблагодари за топлото добредојде.

#ЗдравоМакедонијо утринска програма на Канал5 Телевизија од денеска на мое големо задоволство се дружам со Вас драги гледачи покрај малите екрани заедно со моите колешки Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска на кои им благодарам за топлото добредојде и на целиот колектив позади камерите. Ве поканувам на заедничко утринско дружење каде ќе споделуваме многу корисни совети, рецепти, информации и секако актуелни теми за кои ќе можете да се јавувате во живо и да го кажете Вашето мислење. Ви посакувам убав ден, секое добро, се гледаме“, напиша Вера во описот на фотографијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот