Поранешна затвореничка ѝ порача на подведувачката на Епштајн: Жените се спремаат, ќе те претепаат до смрт во затворот

Џефри Епстајн и Гислејн Максвел
Џефри Епстајн и Гислејн Максвел / Фото: Profimedia

Поранешната девојка и соработничка на милијардерот педофил Џефри Епштајн, Гислејн Максвел, која му помогала да подведува малолетници, е осудена на 20 години затвор. Инаку, Максвел беше прогласена за виновна во декември минатата година според обвинението за подведување и заведување малолетнички за сексуална злоупотреба.

Гислејн Максвел/Фото: Профимедиа

Адвокатите побараа таа да ја отслужи казната за сексуална трговија во федерален затвор со минимална безбедност во Конектикат, кој служеше како инспирација за хит серијата „Портокалово е новото црно“.

Во тој затвор се наоѓаат посебни оддели за мажи и жени, а установата нуди „широка понуда на хоби, занаети и музика“ за затворениците, како и разни тренинзи, градинарство, аеробик и фитнес „за лица постари од 50 години“.

Објектот, во кој се сместени машки и женски затвори, е познат како „Club Fed“ поради неговите пристојни програми за затворениците.

Максвел сега е предупредена дека ќе биде „претепана до смрт“ во затворот Данбери, каде што се очекува да ја отслужи својата 20-годишна затворска казна.

Фото: Профимедиа

Но, надежите на 60-годишната Максвел за мирен живот зад решетки ги уништи Жаклин Полверари, која служеше помалку од една година во Данбери за измама.

Максвел е предупредена дека ќе биде „претепана до смрт“ во затворот Данбери, каде што се очекува да ја отслужи својата 20-годишна затворска казна.

Полверари ја предупреди Максвел дека затвореничките веќе се подготвуваат за нејзиното пристигнување и дека нејзиниот престој таму „нема да ѝ биде пикник“. Максвел е загрижена и за својата безбедност, дека ќе биде жртва на труење со храна и дека може да добие задачи кои ќе вклучуваат чистење на тоалети.

Максвел исто така е под постојан надзор бидејќи е сексуален престапник со висок степен, а добила бројни смртни закани.

Фото: Профимедиа

„Ќе ѝ биде тешко во првите шест до осум месеци. Веќе добив мејлови од жени кои велат дека слушнале дека Максвел ќе дојде таму. Се подготвуваат за нејзиното доаѓање, веќе поднесоа барање дека не ја сакаат во нивните ќелии. А, затворскиот советник нема да ја смести Максвел таму каде што не е добредојдена, од страв да не ја повредат“, рекла поранешната затвореничка, пренесува „Дејли мејл“.

Максвел, која најверојатно ќе побара преместување во Велика Британија откако отслужи три години од својата казна, стана позната по сексуалното злоставување на млади жени и девојки, заедно со милијардерот педофил Џефри Епштајн.

„Жените се полоши од мажите кога станува збор за сексуални злосторства. Таму има и мајки. Тие гледаат бела жена обвинета за сексуално злосторство и помислуваат на тоа дека нивното дете би можело да биде една од нејзините жртви. Максвел ќе добие многу остри критики. Веројатно и повеќепати ќе биде претепана“, рекла Полверари.

Фото: Профимедиа

Полверари открила и дека во затворската овесна каша често може да се најдат црви и дека Максвел би можел да добие „работа“ како чистачка, која ќе мора да ги чисти тоалетите од утро па се до ручек.

Максвел поднела повеќе од 100 жалби во текот на својот 22-месечен престој во затвор во Бруклин, а нејзиниот правен тим тврди дека на еден затвореник му биле понудени пари за да ја задави во сон. Освен стравот дека другите затвореници ќе бидат насилни кон неа, постои и страв дека би можела да си го одземе животот во затвор, исто како и нејзиниот поранешен љубовник Епштајн.

 

Соработничката на Епстин, Гислејн Максвел осудена на затворска казна од 20 години за подведување малолетнички

Принцот Ендру се спаси: Се спогоди и нема да одговара за сексуална злоупотреба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот