Игор Беланов/Инстаграм

Поранешен освојувач на „Златната топка“ денес се бори на фронт и ја брани својата земја

Игор Беланов важи за една од најголемите фудбалски легенди на поранешниот Советски Сојуз, а денес неговиот животен пат е далеку од спортските терени, тој е на страната на Украина во војната против Русија.

Беланов е роден во Одеса, каде што ги направи првите фудбалски чекори настапувајќи за СКА и Черноморец, а целосна афирмација доживеа по трансферот во Динамо Киев во 1985 година. Со киевскиот клуб го освои Купот на победниците на купови, а светската слава ја стекна со блескавите настапи на Светското првенство во Мексико. Круната на неговата кариера дојде на 30 декември 1986 година, кога ја освои престижната „Златна топка“.

Денес, на 65-годишна возраст, Беланов не е далеку од татковината, тој е на фронтот уште од почетокот на руската инвазија врз Украина, покажувајќи дека за него борбата за земјата е подеднакво важна како и некогашните фудбалски трофеи

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот