Фото: Virtus Bologna

Поранешен кошаркар на Звезда се степал со медицински тим во Италија, полицијата го уапсила

Кошаркарот на Виртус Болоња, Лука Вилдоса, и неговата сопруга Милица Тасиќ се најдоа во центарот на голем скандал во Италија, откако беа уапсени по инцидент во кој, според италијанските медиуми, физички нападнале медицински тим.

Како што јавува угледната агенција АНСА, инцидентот се случил по провокации од страна на Вилдоса, кој подоцна, наводно, физички ја нападнал екипата на итната помош. Полицијата веднаш реагирала и ги привела и аргентинскиот кошаркар и неговата сопруга.

По краткиот престој во притвор, Вилдоса и Тасиќ се пуштени на слобода, бидејќи судијата не потврдил мерка за притвор. Тоа значи дека Аргентинецот ќе може да настапи на претстојниот натпревар против Асвел, но случајот е далеку од завршен.

„Случајот Вилдоса“ е главна тема во италијанските спортски и таблоидни медиуми, а јавноста со големо внимание го следи развојот на настаните. Во следните денови се очекуваат повеќе информации и можно судско разјаснување околу инцидентот што фрли сенка врз имиџот на Виртус и нивниот нов играч.

Ќе потсетиме, Вилдоса во еден период од својата кариера беше и важен член на Црвена Звезда.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот