Поранешен командант на ОВК му порача на Вучиќ: Подготвени сме!

Поранешниот командант на битката кај Кошаре, Џафер Гаши му одговори на изјавите на претседателот Александар Вучиќ кој денес посочувајќи го конфликтот во Нагорно Карабах изјави дека е потребно што поскоро решение за споровите меѓу Србија и Косово, затоа што, според него, „замрзнатите конфликти можат да ескалираат во вистинска катастрофа“.

Гаши кој во моментов е на чело на општината Обилиќ, а во јавноста е познат како командантот кој ја предводеше битката на Кошаре рече дека е подготвен, иако не го посакува тоа.

„Тука сме и ќе ги чекаме како што чекавме и тогаш. Посакувам да не дојде тој момент затоа што војната не носи добро, но ние сме тука и немаме намера да заминеме“, рече Гаши за Т7.

Тој исто така рече дека српските војници загинати во оваа битка биле погребани и истите по завршувањето на војната им биле предадени на надлежните органи.

Вјоса Османи: НАТО и ЕУ да реагираат на оваа закана со војна од страна на Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот