Фото: Manchester Unted

Поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед ќе му помага на струмичанецот Пауновиќ во Србија

Пред само два дена Вељко Пауновиќ официјално беше именуван за нов селектор на репрезентацијата на Србија, а тамошните медиуми веќе ги открија и имињата на неговите најблиски соработници во стручниот штаб, со кои ќе се обиде да го врати угледот на националниот тим.

Српскиот стратег ќе го има своето деби во ноемвриските квалификации, на гостувањето против Англија на „Вембли“, но шансите за пласман на Светското првенство се минимални. Поради тоа, главниот фокус на Пауновиќ ќе биде Лигата на нации, како и подготовките за квалификациите за Европското првенство 2028.

Во неговиот стручен штаб ќе се најдат неколку добро познати фудбалски имиња, меѓу кои се издвојува Квинтон Фортјун, поранешен јужноафрикански репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, кој веќе пет години работи како асистент на Пауновиќ.

Фортјун беше дел од славниот тим на Јунајтед од 1999 до 2006 година, со кој освои титула во Премиер лигата и англиски Суперкуп, а во својата кариера настапуваше и за Атлетико Мадрид, Мајорка, Болтон, Бреша, Тубизе и Донкастер, каде што во 2010 година стави крај на активното играње фудбал.

Тренер роден во Струмица ќе го наследи Пикси на клупата на Србија

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот