фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Тренер роден во Струмица ќе го наследи Пикси на клупата на Србија

Српските медиуми пренесуваат дека поранешниот репрезентативец на Србија и Црна Гора, Вељко Пауновиќ, ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија.

Раководството на Фудбалскиот сојуз на Србија, наводно, успеало да го убеди поранешниот тренер на Овиедо да ја прифати понудата, и покрај тоа што неодамна кружeа информации дека Пауновиќ не сакал да ја преземе функцијата под сегашното водство. Според истите извори, тој одбил понуда од мексиканскиот клуб Пумас и одлучил да се врати во српскиот фудбал.

Сепак, Пауновиќ нема веднаш да седне на клупата и неговиот ангажман ќе започне од 2026 година, додека квалификациите за Светското првенство ќе ги доврши актуелниот селектор на младинската репрезентација, Зоран Мирковиќ, кој го предводеше тимот и против Андора.

Роден во Струмица, идниот селектор добро го познава костурот на сегашниот национален тим, во кој сè уште настапуваат играчи што беа дел од генерацијата која пред десетина години го освои младинскиот Мундијал. Тоа би можело да значи и враќање на имиња како Мијат Гаќиновиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Марко Грујиќ, кои претходно одбија настап под водство на Драган Стојковиќ.

По разделбата со Пикси, низ медиумите кружeа неколку можни наследници меѓу нив Дејан Станковиќ, Владан Милојевиќ и Марко Николиќм но, изгледа, довербата на ФСС на крајот му ја укажа на Пауновиќ.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот